01(прва) седница на У.О. на СКТМ

Информации за записници
Напиши Одговор
Martin
Мислења: 17
Регистриран: Чет Jун 18, 2020 12:50 pm

01(прва) седница на У.О. на СКТМ

Тема од Martin »

НАСТАН: 01(прва) седница на У.О. на СКТМ

31.01.20 Време на почеток: 12.00ч
Време на завршеток: 14:30ч.
Локација: Сала за состаноци,х.Карпош
Состанок свикан од: Емил Димитровски, претседател на У.О.
Тип на состанок: Седница на Управен одбор
Модератор Емил Димитровски,Биљана Пејоска Ристеска
Записничар: Биљана Пејоска Ристеска
Учесници Види прилог 1: Листа на присутни

Дневен ред
1.Разгледување и донесување на Финансиски план на СКТМ за следна 2020г. од Претседателот на комората.
2.Формирање на комисииза :
-Промоција и Маркетинг
-Законодавно правна комисија
-Комисија за финансии
3.Избор и назначување на Раководители на Сектори
4.Дискусија и Разгледување на начинот за избор на нов состав на Суд на Честа по истапување од членство од комората на досегашен член.
5.Разно
-Информација за одржан работен состанок во комората со Регионалниот Совет за Соработка од Сараево во врска со Авантуристички туризам(23.12.2019г)
-Сосотојба со членство на почеток на тековна 2020г.
Т1:Разгледување и донесување на Финансискиот план за следната 2020г. од Претседателот на комората.

6.Презентирал:Емил Димитровски
Дискусија Претседателот г-дин Емил Димитровски по утврдување на потребениот број на членови присутни на седницата констатира дека има доволен број присутни согласно деловникот за работа на У.О. за донесување одлуки и заклучоци.Пред да се стави на гласање Предлог дневниот ред на забелешка на присутните согласно прилозите по првата точка беше побарано измена во формулацијата на точка 1, каде станува збор само за финансискиот дел од Планот а не и за програмата.Измената беше прифатена .Истотака на барање на Претседателот втората точка беше надополнета со назначување на уште една комисија и тоа за финансии.Така изменет Предлог дневниот ред беше едногласно усвоен .
Дискусијата по првата точка ја започна Претседателот кој даде свој осврт и објаснување на наведеното во планот во врска со финансиите.Тој нагласи дека членарината која треба да биде основа на финансирање неможе да ги покрие сите трошоци предвидено за работа на комората во 2020г, затоа тој ќе се залага за остварување на дополнителни средства од други извори наведени во планот.Г-ѓа Ивона Јакимовска даде предлог доколку и оваа година постои проблем со наплатата на средствата од членарините да се превземат мерки преку правен субјект кој ќе ја застапува комората за реализирање на обвраската со поднесување на тужби или налог кој ќе биде активиран доколку не биде платена во даден рок.престедателката на Н.О. г-ѓа Ташева објасни дека за да имаме траен налог за реализација треба да има потпис и од другата страна на корисникот што во случајов тешко би можело да се издејствува.Таа предложи да се оди со опомена пред тужба по претходна консултација со нив.Г-дин Димитровски побара до следната седница секој што има свој предлог за правен субјект кој би можел да помогне во ваква ситуација да достави на разгледување.
Г-дин Стеван Пешевски побара објаснување зошто не е доставена програма за работа со конкретни активности поедничено од страна на Претседателот?Извршната Директорка објасни дека Оперативниот план за реализација на активности се доставува од страна на Извршната Директорка по усвојување и прифаќање на Предлог Финансискиот План од страна на Претседателот,што значи истиот ќе им биде доставен на првата наредна седница на У.О. во проширен состав.
Финанскиот План поднесен од страна на Претседателот беше ставен на гласање.
Заклучоци по т.1 -У.О. едногласно донесе одлука Предлог Финансискиот План на СКТМ за следната 2020г. од Претседателот на Комората да биде прифатен.
Т2: Формирање на комисии за :Промоција и Маркетинг.
Законодавно Правна комисија Комисија за Финансии

7. Презентирал Емил Димитровски
Дискусија Важноста на постоење на овие комисии за развој во одредени делови на комората ја презентираше Претседателот г-дин Димитровски кој побара активно да се вклучат сите членови на телата на комората во поддршка и придонес на овие комисии кои во изминатиот период не функционирале.Посочи дека најголем позитивен ефект од постоење на овие комисии би имале во делот на зајакнување на промотивниот дел и воспоставување поактивен однос со маркетингот не само внатре туку и надвор од фелата.Предлогот низ дискусија генерално беше прифатен од сите присутни на седницатаЗа таа цел од негова страна беше предложено за членови на комисиите да бидат :
-Промоција и Маркетинг -Александар Чоневски,Мартин Јакимовски и Ана Здравковска Илиевска,
-Законодавно Правна комисија –Бранко Карески,Димитар Кашиков и Стеван Пешевски.
-Комисија за Финансии- Божана Ордева,Родне Ташева и Даниел Самарџиски.
Од страна на Претседателот беше нагласено дека по потреба би се вклучил во сите од нив што значи членовите на комисиите можат да сметаат на негово присуство и придонес.
Заклучок по т.2 У.О. едногласно донесе одлука ,предложените кандидати во дискусијата да бидат членови на посочените комисии.

8.Т3 : Избор и назначување на Раководители на сектори.
Презентирал Емил Димитровски
Дискусија Во врска со назначување на нови раководители на сектори од присутните беше побарано оние раководители кои во изминатиот период покажале резултати да се назначат и во следните две години додека за останатите да се предложат нови.По тој принцип врз база на докажани активности изнесени од Извршната директорка раководителите на сектор Образовни институции и Сектор Туристички водичи и придрижници ,Г-дин Цветко Андреевски (сектор образовни институции)и Климент Наумов (сектор Туристички водичи и придружници) повторно да ја добијат функцијата раководители додека за останатите да се предложат нови.
Претседателот за раководители ги предложи:
-Сектор Туристички агенции-Ивона Јакимовска
-Сектор Превозници –Зоран Ѓоршевски
-Сектор Хотели –Таша Влахо
Заклучок по т-3.У.О. едногласно донесе одлука ,предложените кандидати во дискусијата да бидат членови на посочените сектори.

9.Т4: Дискусија и Разгледување на начинот за избор на нов состав на Суд на Честа по истапување од членство од комората на досегашен член.
Презентирал Емил Димитровски
Дискусија Дискусијата по оваа точка ја имаше г-дин Димитровски со образложение дека надлежен за избор на Суд на Честа како огран е Собранието но во ваков случај У.О. е должен да достави предлог за разрешување на систуацијата до Претседателот на Собрание.Со оглед на тоа дека досегашниот член и Претседател на Судот на Честа г-дин Панче Трајковски од 01.01.2020г го откажа членството во комората потребно е назначување на нов член кој би бил и Претседател на ова тело.Од Претседателот беше предложен г-дин Мирче Пешевски како докажан познавач од областа но од присутните беше побарано да се предложи уште едно лице во случај да не се прифати тоа од страна на г-дин Мирче Пешевски.За втор кандидат е предложен г-дин Лазо Христов сопственик на т.а. Сафари која е и членка во комората.Предлозите се прифатени со насока прво да бидат предложените кандидати консултирани дали ја прифаќаат позицијата а отпосле тој предлог да се достави до Претседателот на Собрание кој би дал одобрување за електронско испраќање на предлогот до сите членки за нивно изјаснување.
Предлогот е прифатен од присутните.
Заклучоци по т.4 У.О. едногласно прифати предложените кандидати да бидат прво контактирани за прифаќање на позицијата а отпосле предлогот да биде испратен до Претседателот на Собрание.
Прикачувања
Zapisnik UO_01_31.01.2020g..doc
(146 КиБ) 138 пати

Напиши Одговор