02(втора) седница на У.О. на СКТМ

Информации за записници
Напиши Одговор
Martin
Мислења: 17
Регистриран: Чет Jун 18, 2020 12:50 pm

02(втора) седница на У.О. на СКТМ

Тема од Martin »

НАСТАН: 02(втора) седница на У.О. на СКТМ

25.02.20 Време на почеток: 12.00ч
Време на завршеток: 14:30ч.
Локација: Сала за состаноци,х.Романтик-Велес
Состанок свикан од: Емил Димитровски, претседател на У.О.
Тип на состанок: Седница на Управен одбор
Модератор Емил Димитровски,Биљана Пејоска Ристеска
Записничар: Биљана Пејоска Ристеска
Учесници Види прилог 1: Листа на присутни
Дневен Ред

1.Разгледување и усвојување на Предлог Програмата за работа на комората за 2020г. од страна на Извршниот Директор
2.Промена на услугите според типот на членство согласно одлуката од 11.12.2020г.донесена на седница на Собрание на СКТМ.
3.Иницијатива за реактивирање на членството на основачи и членови на СКТМ од 2008г.до денес(Претседател на комората)
4.Информација од одржан состанок на раководители на сектори (18.02.2020)
5.Разгледување и дискусија околу последните измени и дополнувањата на законот за Туристичка дејност(службен врсник 10.02.2020г.)
6. Разно

втораТ1:Разгледување и усвојување на Предлог Програмата за работа на комората за 2020г.од страна на Извршниот Директор
7.Презентирал:Биљана Пејоска Ристеска
Дискусија Претседателот г-дин Емил Димитровски по утврдување на потребениот број на членови присутни на седницата констатира дека има доволен број присутни согласно деловникот за работа на У.О. за донесување одлуки и заклучоци.Пред да се стави на гласање Предлог дневниот ред на забелешка на Претсдателот беше побарано измена воПредлог дневниот ред со додавање на уште една точка за
-Разгледување и дискусија по повод последните измени и дополнувања на Законот за Туристичка дејност од ден 10.02.2020г како Точка 5-.
Така изменет Предлог дневниот ред беше едногласно усвоен .
Дискусијата по првата точка ја започна Извршната Директорка која даде исцрпно објаснување на Програмата за работа на комората за 2020г. одејќи активност по активност при што нагласи дека во програмата се предвидени крупни стратешки остварувања но тоа незначи дека активностите ќе бидат ограничени само на нив.Во зависнот од условите и приликите комората ќе се труди тоа да се надмине.Од страна на член на У.О. г-дин Кашиков беше побарано поголема активност за посета на членките од страна на Претседателот и извршниот директор со цел да се постигне масовност во зачленувањето.Извршната Директорка изнесе дека тоа е веќе влезено во програмата како инфо сесии по региони со помош на нашите членки преку презентации за туристички компании кои не се членки во период од март до ноември 2020г.Претседателот на комората го потврди истото .Програмата за работа на комората беше прифатена од сите присутни.

Заклучоци по т.1 -У.О. едногласно донесе одлука Предлог Програмата за работа на СКТМ за следната 2020г. од Извршниот директор на Комората да биде прифатена.

Т2: Промена на услугите според тип на членство согласно одлуката од 11.12.2019г.донесена од седницата на Собрание на СКТМ.

8.Презентирал Емил Димитровски
Дискусија Претседателот на комората г-дин Емил Димитровски во својата дискусија по оваа точка нагласи дека У.О. согласно одлуката од 11.12.2019г. донесена на последното Годишно собрание на СКТМ за промена на типот на членство по суми мора да изврши и промена на табеларниот приказ на типот на услуги согласно одлуката.Тој го стави на разгледување прилогот на досегашните услуги со досегашното именување на типот на членство како премиум,основно и придружно.Од него беше побарано доколку членовите на У.О. имаат да да дадат предлози во врска со тоа дали ќе се пристапи кон измени на услугите или би останале истите со промена само на називот.Г-дин Кашиков побара да останат истите услуги како и претходно со што би се сменил називот на типот на членство.Од останатите присутни беше потврдено дека во периодот што следува таквата варијанта е најдобра за примена.Со тоа само се преименува називот и тоа :
-услугата што до 11.12.2019г.беше за премиум членство се преименува со ОСНОВАЧИ(01.01.2020г.)
-услугата што до 11.12.2019г. беше за основно членство се преименува со ЧЛЕНОВИ(01.01.2020г)
-услугата што до 11.12.2019г.беше за придружно членство се преименува со 3000,00ДЕН ВО ПРВАТА ГОДИНА ОД ЧЛЕНСТВО.
Заклучок по т.2 У.О. едногласно донесе одлука ,табеларниот приказ на услугите по тип на членство да остане ист со преименување на називите согласно новата одлука на Собранието од 16то Годишно собрание (11.12.2019г.)
9. Т3 : Иницијатива за реактивирање на членство на основачи и членови на СКТМ од 2008г.до денес.(Претседател на комората)
Презентирал Емил Димитровски
Дискусија Претседателот на комората ја презентираше иницијативата поттикната од негова страна за повторно реактивирање на одредени членови/членки кои придонеле и биле активни во комората од нејзиното формирање до одреден период кога ја напуштиле како активни членки.Посочи дека има такви субјекти кои од немногу значајни лични или колективни причини во еден момент донеле таква одлука за напуштање на комората и смета дека е добро да се исконтактираат и повторно да се активираат како членки.Од страна на г-дин Зоран Ѓоршевски имаше реакција во врска со членки кои поради непочитување на општите акти во комората се исклучени од редовите на членство преку Собраните на СКТМ и Судот на члеста и смета дека таквата иницијатива за нив нетреба да важи.Неможе да се побиваат одлуките на собранието кое врз база на докази за нивно нечесно работење кон колегите и општо кон комората се исклучени.Од останатите присутни предлогот на г-дин Ѓоршевски беше поддржан иницијативата за овие членки да не важи додека за останатите да се спроведе.Спреоведувањето ќе се оствари со праќање допис до сите компании од тој период преку Извршната канцеларија веднаш по усвојување на записникот.
Заклучок по т-3. У.О. едногласно донесе одлука ,да се испрати допис со повик за повторно членство на поранешните членки,основачи во комората ОСВЕН за оние кои врз база на одлука од Собранието на СКТМ и Судот на Честа се исклучени од комората.
10. Т4: Информација од одржан состанок на раководители на сектори(18.02.2020г.)
Презентирал Биљана Пејоска Ристеска / Зоран Ѓоршевски
Дискусија Дискусијата по оваа точка ја започна Ивршната дирекорка која присуствувала на состанокот со раководителите .Таа пренесе информација дека состанокот бил продуктивне со самото тоа што сите раководители биле присутни.Првата ситуација која ја утврдиле меѓу нив е недоволната соработка помеѓу секторите и недоволните активности на одредени сектори до сега.Од страна на Раководителката на секторот туристички агенции Ивона Јакимовска предлогот за финализирање и формализирање на договорите кои се користат во работењето помеѓу агенциите и хотелите ,агенциите и превозниците, агенциите и водичите беше прифатен.Предлогот го поддржа и раководителот на Сектор Образовни институции г-дин Цветко Андреевски со тоа што побара кога ќе бидат договорите подготвени професорите за деловно право од ФТУ Охрид да ги проверат и истите да се испратат до институциите.Согласнот за оваа постапка доби од сите раководители.Извршната директорка го повика и г-дин Ѓоршевски раководител на сектор Превозници кој е воедно член и на У.О. присутен на седницата за негово излагање во врска со овој состанок.Г-дин Ѓоршевски ја потврди информацијата од Извршната директорка се сложува со кажаното и веќе превзема во рамките на својот сектор повќе активоности .Смета дека секторите може да придонесат поголемо сознавање на реалните проблеми во дадената областа која ја работат.

Заклучоци по т.4 //
11. Т5.Разгледување и дискусија околу последните измени и дополнувања на законот за Тусристичка дејност (службен весник 10.02.2020г.)
Презентирал Емил Димитровски
Дискусија Претседателот г-дин Димитровски важноста од разгледување и дискусија по оваа точка ја гледа во недоволната сериозност од страна на Министертсвото за Економија како законодавец во нашата дејност со оглед на тоа дека овие измени се донесени преку ноќ и без информираност на приватниот сектор.Потврди дека забелешките кои комората во изминатиот период ги барала за измени и дополнување во законот од ресорното министерство не се земени во обзир.Од страна на членот на работната група во Министерство за Економија за измени на законот г-дин Стеван Пешевски беше даден целосен извештај како се одвивало целокупното делување на комората во делот на барањата од наша страна но не се земало ништо во обзир при овие измени и дополнувања.Беше побарано да се реагира соодветно од страна на комората преку медиуми за нашето незадоволство.Претседатлот објасни дека комората планира да има има своја прес конференција за ова прашање и за новонастанатата ситуација со коронавирусот кој предизивика откажувања на аранжмани и штета по работењето на своите членки.За тоа побара У.О. да се произнесе со заеднички став кој ќе биде презентиран пред новинарите.У.О. се согласи да се изнесе ставот за незадоволство од страна на комората по однос на законските измени како и да ги изнесе активностите кои комората ги превзела за спречување на новонастанатата ситуација со коронавирусот но помошта од релевантинте институции изостанала.Штети кои членките ги трпат да се изнесат јавно.
Заклучоци по т.5 У.О. донесе едногласно одлука за одржување на Прес Конференција од страна на комората во врска со две прашања и тоа :
-новонастанатата ситуација од појава на коронавирусот и
-нездоволството од донесување на новите измени и дополнувања на законот за Туристичка дејност од ден 10.02.2020г.(службен весник)
12. Т.6.РАЗНО
Биљана Пејоска Ристеска
Дискусија Под точка Разно свое презентирање имаше Извршната Директорка која ги прикажа сите досегашни барања помеѓу две седници на У.О. кои се испратени до Институциите по барање на членки.Во врска со пасошката криза пренесе дека истиот ден кога е пријавено од страна на т.а. Супер Травел за проблем со неиздавање на пасошите и откажување на аранжмани барањето е архивски испратено и доставено до МВР но до овој момент нема одговор.Проблемот кој подолго време трае со институциите во несоработка и недобивање на одговори таа истакна дека ќе го соопшти пред медиумите на прес конференцијата која ќе следи во деновите по оваа одржана седница на У.О. Нагласи дека барања во врска со последните случувања со корона вирусот се истотака испратени до ресорните министерства надлежни за овие појави со цел добивање на став за делување на компаниите од туризмот во ваква кризна ситуација.Помошта и соработката изостануваат до моментот во секој поглед.

ЗАПИСНИЧАР : ПРЕТСЕДАТЕЛ:

Биљана Пејоска Ристеска Емил Димитровски
Прикачувања
Zapisnik UO_02_25.02.2020g..doc
(151.5 КиБ) 126 пати

Напиши Одговор