03(трета) седница на У.О. на СКТМ

Информации за записници
Напиши Одговор
Martin
Мислења: 17
Регистриран: Чет Jун 18, 2020 12:50 pm

03(трета) седница на У.О. на СКТМ

Тема од Martin »

НАСТАН: 03(трета) седница на У.О. на СКТМ

18.05.20 Време на почеток: 12.00ч
Време на завршеток: 14:00ч.
Локација: Градски Парк –Скопје (на отворено)
Состанок свикан од: Емил Димитровски, претседател на У.О.
Тип на состанок: Седница на Управен одбор
Модератор Емил Димитровски,Биљана Пејоска Ристеска
Записничар: Биљана Пејоска Ристеска
Учесници Види прилог 1: Листа на присутни
Дневен Ред
Дневен ред
1.Разгледување и усвојување на Предлог измени и дополнување на Општоте Услови за Патување доставени од ЗПК.
2.Известување за финансиската состојба во комората и информација за промена на деловен простор.
3.Разно.
втораТ1:Разгледување и усвојување на Предлог измени и дополнување на Општите Услови за Патување доставени од ЗПК.

4.Презентирал:Емил Димитровски / Бранко Карески
Дискусија Претседателот г-дин Емил Димитровски по утврдување на потребениот број на членови присутни на седницата констатира дека има доволен број присутни согласно деловникот за работа на У.О. за донесување одлуки и заклучоци.Побара од присутните покрај веќе наведената точка во емаил дописот за закажување на седницата да се додадат дополнително и други доколку некој има предлог.Дополнително како предлог од г-дин Сашо Петрушевски е побарано да се стави и информацијата за наплата на членарината во комората до моментот. Предлогот е прифатен и едногласно усвоен.
Претседателот г-дин Емил Димитровски информираше дека на предлог на ЗПК при комората доставен е до Извршната канцеларија нов текст во одредени делови од Општите услови за патување како нови измени и дополнувања. Тоа произлегло од работењето на агенциите како пречка за понатамошна употреба .Го повика г-дин Бранко Карески да даде свое образложение како член на ЗПК за што всушност се работи.Г-дин Карески се повика на текстот кој веќе беше доставен до останатите членови на У.О. како последни измени осврнувајќи се на посочените измени со осврт на делот отказни рокови за бродски патувања како непотрбни. Од г-ѓа Ивона Јакимовска беше побарана интервенција во делот на ексурзиите поради употреба на Општите Услови за Патување како составен дел на договорот со учесниците на истите.Претседателот даде свој предлог во делот на Екскурзиите да се практикуваат посебен терк на договори за да не дојде до комплицирана постапка за двете страни агенциите и учениците т.е. училиштата .Истотака нагласи дека Општите Услови за Ппатување треба да бидат поедноставни за да можеме да ги доставиме до институциите како практични и прифатливи за ставање во законска форма.Сепак остави простор ЗПК уште еднаш да ги прегледа последните измени и дополнувања на ОУП каде ќе потенцираат дека истите се во согласнос со законот за облигациони односи.Останатите присутни се согласија и едногласно побараа ЗПК во наредниот период да изработи терк за договори за училишните екскурзии и семинари.

Заклучоци по т.1 -У.О. едногласно донесе одлука последните измени и дополнувања на Општите Услови за Патување од ЗПК да се стават во функција на сите членки по целосно нивно комплетирање од ЗПК истотака У.О. даде,
-задолжение ЗПК да изработи терк за договори за училишни екскурзии и семинари.
Т2: Известување за финансиската состојба во комората и информација за промена на деловен простор.

5.Презентирал Емил Димитровски / Биљана Пејоска Ристеска
Дискусија Претседателот Димитровски даде информација дека комората во моментот е без простор поради затварање на зградата во која се наоѓаше досегашната канцеларија а за која комората беше писмено известена од сопствениците со даден рок за напуштање.Ја повика Извршната Директока да презентира и податоци и во делот на финансиската состојба.Извршната директорка изнесе дека одлуката донесена на последното Годишно Собрание на СКТМ од 11.12.2019г. за подмирување на обврската од члениките по однос членарина до 31.03. тековната година не е испочитувана од многу членки со што комората финансиски е доведена до раб на егзистенција има пари за уште само еден месец.Елаборираше дека од 75 активни членки членарина платиле 40 од кои 15 нови членки со членство од 3.000,00денари што не е доволни ниту за подмирување на 1 месец основни трошоци за комората.Редовните членови и оснивачите со повисока сума на членарина се во бројка од 35 членки (15 со 15.000,00 ден и 18 со сума од 6.000,00ден) 2 од членките се со компензација.Во врска со просторот кажа дека финансикото ограничување до 150 евра за месечна наемнина која може да се издвои е најголемата препрека за изнаоѓање соодветен простор кој би ги исполнувал условите за претставување на комората.Од членовите на У.О. беше побарана листа на членки кои не ја платиле сеуште членарината како би реагирале кај колеги.Извршната директорка посочи дека активноста и одлуките за превземање мерки околу редовното подмирување на членарина од членки се во надлежност на Надзорниот одбор кој за жал до сега не се заинтересирал ниту еднаш да побара информација за наплатата.Шестмесечниот пресек за листа на подмирена членарина кој Извршната канцеларија го прави во јуни како редовна работна обврска ќе биде испратен до Надзорниот одбор.И покрај тоа на инсистирање на членовите на У.О. листа од членки со неплатени членарини ќе биде испратена со записникот од оваа седница.

Заклучок по т.2 У.О. едногласно донесе одлука листа на неплатена членарина од членки да биде испратена со записникот од седницата до членовите на У.О.
6.Т3 : Разно
Презентирал Емил Димитровски
Дискусија Претседателот на комората ги информираше присутните дека издавањето на Ваучерите согласно уредбата од валадата да ја испочитуваат и ги завршат сите обврски околу издавањето до крајот на вонредната состојба до кога е во сила и законската уредба.Најавите од институциите за пријави од Организацијата на друштво на потрошувачи од незадоволни граѓани кои не даваат согласнот за користење на ваучер ќе има импликација и врз инспекциските служби кои по некоја проценка би излегле на терен.Во врска со отварање на граничните премини истакна сеуште не се знае се очекува тоа да биде после вонредната состојба дефинирано.Комората во моментот кога ќе има релевантна информација веднаш ќе ги извести.Во врска со уплатените средства за закуп од поедини членки во странство тоа треба да биде договор меѓу партнерите согласно деловната политика на секоја компанија.
Од страна на г-дин Димитар Кашиков беше предложено да се испрати официјално барање до Координативното тело за Туризам за продолжување на мерката субвенционирање на плати и придонеси и за месеците јуни,јули и август за вработените во Туристичките агенции поради загубите кои ги имаат од откажаните аранжмани за патување и неизвесноста од идното работење.Предлогот на г-дин Кашиков беше прифатен и од останатите членови на У.О. Извршната директорка кажа дека предлог барањето ќе биде испратено до Координативното тело за Туризам официјално, веднаш по рокот за усвојување на записникот.
Заклучок по т-3. У.О. едногласно прифати предлог мерката за субвенционирање на плати и придонеси од страна на државата да се продолжи и за месеците јуни,јули и август и официјално да се достави како барање на комората до Координативното тело за Туризам.


ЗАПИСНИЧАР : ПРЕТСЕДАТЕЛ:

Биљана Пејоска Ристеска Емил Димитровски
Прикачувања
Zapisnik UO_03_18.05.2020g.-.doc
Zapisnik UO_03_18.05.2020g
(134 КиБ) 126 пати

Напиши Одговор